За време на интервјуто за конференцијата Ројтерс Некст, Сваминатан рече дека вистинскиот одговор е да се биде подготвен и внимателен и да не се паничи за новата варијанта.
– Колку треба да бидеме загрижени? Мора да бидеме спремни и внимателни, а не да паничиме, бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година – рече Сваминатан.
Појавата на новата варијанта не е добредојдена, рече таа, но додаде и дека светот е многу подобро подготвен со оглед на развојот на вакцините од почетокот на пандемијата.
Делови од Европа веќе се бореа со бранот делта инфекции.
– Мора да почекаме, да се надеваме дека ќе биде поблаго… но рано е да се заклучи за варијантата во целина – истакна Сваминатанова.