Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин е мртов, е потврдено по генетската анализа на телата пронајдени во авионската несреќа во средата, соопштија денеска руските власти.

Истражниот комитет соопшти дека идентитетот на сите 10 жртви е утврден и тие се совпаѓаат со оние на списокот на патници на летот, пишува Би-Би-Си.

Приватниот авион на Пригожин се урна северозападно од Москва на 25 август, при што загинаа сите патници во него.

Кремљ ги демантираше шпекулациите дека тој е виновен за несреќата.

РИА Новости ги наведе и имињата на сите патници:

Пригожин Евгениј;
Перпустин Сергеј;
Макаријан Евгениј;
Тотмин Александар;
Валери Чекалов;
Уткин Дмитриј;
Матусеев Николај;
командант Левшин Алексеј;
копилот Каримов Рустам;
стјуардеса Распопова Кристина.