Српскиот патријарх Порфириј денеска во Соборниот храм во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан му предаде томос со кој СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, јавуваат српските медиуми.
Во Соборниот храм во Белград се одржа света архиерејска литургија на која служеа српскиот и македонскиот патријарх со епископите на двете цркви.
По литургијата се обрати патријархот Порфириј.
– Денес по милоста Божја имаме можност да го крунисаме она што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството. Ова единство беше нарушено во еден период, но беше запоставено во духот на Црквата, а тоа е дека Македонската црква, Охридската архиепископија има не само услови туку и потреба да се организира во контекст на автокефалната црква, да испадне да биде најдобриот можен начин на живот на нашите православни браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку денешното служење на литургијата во Скопје, чувствуваме дека ќе го соопштиме јавно и пред сите со документ наречен томос.