Влен го објави кандидатот – Изет Меџити ќе трча за Чаир на локалните избори како претставник на Вреди

Коалицијата Влен попладнево ги објави првите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори. Изет Меџити ќе трча за Чаир како кандидат на коалицијата Вреди, потврдија од политичката платформа.

Меџити е актуелен министер за животна средина и просторно планирање, а ќе се кандидира за општина Чаир. Со ова, и официјално, Изет Меџити ќе се кандидира за Чаир на претстојните локални избори.

На настанот присуствуваше и министерот за здравство, Азир Алиу. Но веднаш по објавувањето на имињата, тој си замина без изјава и не дозволи поставување прашања.

Оттаму, остануваат отворени неколку прашања во јавноста. Сѐ уште не е потврдено каде живее Изет Меџити – во Чаир или во Сарај. Се поставува и прашањето дали заради изборите ќе треба да се пресели во општината Чаир.