Фракцијата на ДУИ одбележа 21 година од основањето на партијата во Тетово. За разлика од манифестацијата во Скопје, фракцијата со остри критики кон нивните сопартијци, функционери во државните институции, за неисполнување на голем дел од заложбите на партијата. Во таа насока, Муса Џафери вели дека е неприфатливо ДУИ сега да не инситира на промена на формулацијата 20 проценти во Уставот.
„Се поставува прашањето каде е ДУИ денес? ДУИ е поставена пред судир на идеи и програми. Предизвикот е „да се отуѓиме и да заборавиме на нашето минато, или да се унапреди и зајакне нашиот политички ангажман, да се спроведе програмата и барањата на Албанците , кои со толку трпение прават напори да станат дел од обединета Европа како нација со национален идентитет. Ние не го зборуваме јазикот на 20%, туку го зборуваме и пишуваме најстариот јазик на Европа, албанскиот јазик, тогаш како да не реагираме и да не протестираме кога нашата партија вели дека не е време албанскиот јазик достоинствено да се обележи како албански јазик“, рече Џафери.
Координаторот на фракцијата во Тетово, Мухамет Амети, рече дека за овие години ДУИ потфрлила во борбата против корупцијата и никогаш не го решила статусот на поранешните војници на ОНА.
„Со жалење велам дека по 21 година функционирање на ДУИ, многу од истите предизвици кои беа пред многу години остануваат нерешени, како што е искоренување на корупцијата и организираниот криминал и воспоставување механизми со кои би се спречило негово ширење. Спречување на заминувањето на младите од земјата, современ економски систем кој ќе создаде простор и гаранции за странските инвестиции и како последица на тоа ќе ја намали невработеноста. Функционална демократија и владеење на правото, интеграција и ресоцијализација на поранешните војници на ОНА, целосна еднаквост на Албанците во општеството и унапредување на положбата на жените во донесувањето одлуки“, вели Амети.
Според Огнената група, тие биле поканети на манифестацијата на партијата во Скопје, но избрале да бидат во Тетово, каде што започнало формиањето на партијата. Тие велат дека остануваат дел од ДУИ.