По нестатурните избори, Огнените размислуваат и за ново политичко движење, пренесува Алсат.
Изет Меџити и Висар Ганиу сметаат дека се исцрпени сите опции за функционирање во ДУИ и ги разгледуваат сите други опции за нивното идно политичко делување. Ваквиот нивен став доаѓа ден по внатрешните избори за прв човек на некои ограноци на ДУИ. Тие го нарекоа процесот нестатутарен и организиран под диктат.
„Беше крајно исклучувачки кон членовите кои беа основачи на ДУИ, а кои 20 години беа активни и заслужни за победите на ДУИ, само затоа што поддржуваат поинакво мислењето и затоа што беа против Артан Груби. Со ваквиот начин на организирање внатрепартиски избори, што значи и формално наше исклучување, веќе се исцрпени сите опции за функционирање внатре во партијата, а точно е дека искреното членство кое не поддржува, а ги има многу, бара размислување и делување. Во ваков случај сите опции се на маса, вклучително и формирање на ново политичко движење“, изјави Изет Меџити, фракција на ДУИ.