Пожарникарите кои го гаснат огнот во Словенија во еден момент од двете страни на патот биле опкружени во густ чад.
Одеднаш над нив здогледале канадер кој исфрлил голема количина вода.
-Сега не спаси, кажал авторот на видеото, додека во позадина се слушале извици на возбуда.
Автор на видеото е Клемен Горуп, пожарникар од „ПГД Хрватини“, кој ги опишал околностите во кои е направено видеото за „N1“.
-Најголем проблем беше чадот. Очите гореа, беше невозможно да се дише. Си помагавме со апарати за дишење и физиолошки раствор за миење на очите. Работата ја отежна и многу високата температура. Се грижевме еден за друг, рекол тој.
Според него, пожарот на Карстот, со кој пожарникарите се борат повеќе од една недела, е многу голем и затоа што на ова подрачје има многу неексплодирани убојни средства од Првата светска војна.