На 22.11.2021 во ОВР Прилеп, И.С.(45) од Прилеп пријавил дека во периодот од 19.00 часот на 20.11.2021 до 07.00 часот на 22.11.2021 со употреба на сила било влезено во деловен објект на ул.„11 Октомври“ во Прилеп и биле одземени пари и лап топ компјутер.
Увид извршила екипа на ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.