Седумдесет и тригодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил ограбен во општина Аеродром. Според неговата изјава, околу пладне едно лице со физичка сила му одзело пари.

Настанот бил пријавен на 7 септември 2025 година во 14:35 часот во СВР Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.