КРАДЕЦ ОД КУМАНОВО ОГРАБИЛ СЕДУМ АВТОМОБИЛИ, ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР

Полицијата во Куманово лиши од слобода 26-годишен маж осомничен дека во изминатиот период ограбил седум патнички моторни возила на подрачјето на градот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера (18.01.2026) околу 16:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.Р. (26) од Куманово.

Според полициските сознанија, осомничениот во изминатиот период од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети.

По лишувањето од слобода, тој бил спроведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.