Двајца кавадарчани добиле кривични пријави за девет тешки кражби.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против кавадарчани на возраст од 31 и 26 години, поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела „тешки кражби“. Пријавените во периодот од 27 февруари до први март, користејќи погоден алат, отварале каси на кафемати, самоуслужни автоперални и одземале пари во различни апоени – информираат од СВР Велес.