Нови правила за пристап до просториите на Каролин Левит и високи службеници за комуникации

Белата куќа синоќа објави ново правило со кое се ограничува слободниот пристап на акредитираните новинари до канцеларијата на портпаролката Каролин Левит и другите високи службеници за комуникации во Западното крило, во близина на Овалната соба.

Според меморандумот објавен доцна синоќа, новинарите ќе можат да влегуваат во просторијата само по претходно закажан термин, со цел заштита на потенцијално чувствителни информации. Промената стапува на сила веднаш.

Оваа одлука доаѓа по неодамнешните ограничувања во Министерството за одбрана, кога десетици новинари беа принудени да ја напуштат канцеларијата во Пентагон и да ги вратат своите акредитации, пренесуваат светските агенции.