Имено, најпопуларната крипто-валута моментално вреди околу 49.200 долари, и ве потсетуваме дека на 14 април се движеше кон рекорд од 65.000 долари, поточно вредеше 64.600 долари.

И другите валути од тој вид нагло паднаа утрово, бришејќи над 260 милијарди долари од вредноста на пазарот на крипто валути.

На денешното тргување околу 14:06 часот по време на Пекинг, цената на биткоинот беше 49.281,40 долари, што е пад од скоро 10 проценти во последните 24 часа, пренесува CNBC.

Ethereum падна на 2.202,05 УСД, или повеќе од 11 проценти. XRP, петтата најголема крипто валута во светот, падна за повеќе од 22 проценти, покажуваат податоците на сајтот „CoinMarketCap“.

Причината за ваквата масовна продажба е сè уште непозната, но познато е дека крипто-валутите се подложни на екстремни промени во цената.