Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити го нарече историски ден потпишувањето на Договорот со Обединетото Кралство. Договорот за партнерство ќе овозможи реализација на клучни инфраструктурни проекти во земјава. Договорот ќе го реши и проблемот со опасниот отпад од фабриките во земјава.
- „Ова е историски ден за нашата држава. Потпишавме финансиски договор со Велика Британија за инвестиции. Тој опфаќа железнички сообраќај, образование, здравство и еколошки проекти. Со децении се бориме да го решиме проблемот со опасниот отпад. Отпадот од поранешните југословенски фабрики е ризичен за природата и граѓаните. Ова е шанса еднаш засекогаш да го решиме тој проблем. Ќе придонесеме за поздрав живот и зачувана природа“, изјави Меџити.
Договорот беше потпишан во собата на Винстон Черчил во Лондон. Церемонијата се одржа во Одделот за бизнис и трговија на британската влада. Меџити беше дел од владината делегација предводена од вицепремиерот Александар Николоски. Во делегацијата беа и министерката за образование Весна Јаневска и директорот на Македонски железници, Синиша Ивановски.
Извор: Република