Во престолнината на Република Србија, Белград, деновиве се одвива интензивна промоција на спортските, културните и економски потенцијали на Охрид. На иницијатијава на почесниот конзул на Србија во Охрид, Мишо Филев, и со негова поддршка, во Белград отпатуваа педесеттина спортисти од Охрид и претставници на атлетскиот клуб Охрид трчаТ, кои ќе земат учество на 36. Белградски маратон, што ќе се одржи во недела 23 април. Тие ќе учествуваат на трките од 2,5, 10 и 21 километар, а ќе се трча и маратон од 42 километри.
Во рамки на експото на Белградскиот маратон што се одржува на саемот во Белград, поставен е штанд на кој се промовира атлетскиот викенд Охрид трчаТ, кој традиционално ќе се одржи првата недела од месец јуни. Во рамки на експото, денеска, се одржа промоција на Охрид трчаТ 2022, на која покрај претставници на манифестацијата, учествуваа и почесниот конзул Филев и спортските партнери од Стречвел Србија, кои и оваа година ќе бидат дел од Охрид трчаТ.
извор: охридњуз.мк