Охридскиот Регион останува на листата на светски наследства на УНЕСКО. Одлуката беше донесена на 45. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, пренесува Netpress.com.mk.
Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска посочи дека експертските тимови на двете држави го изготвија Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со Акциски план, што е значаен чекор во детектирањето и справувањето со факторите кои имаат негативно влијание врз вредностите на Регионот, и е позитивно оценето и од Комитетот за светско наследство, а нотирано и во Одлуката од сесијата на Комитетот во Ријад.
Граѓанските организации пак, сметаат дека охридскиот регион треба да се најде на листата загрозени подрачја за да нема поголема деградација и урбанизација на брегот на езерото .
Најголем број од забелешките на Унеско се однесуваа на дивоградбите во заштитениот појас, неконтролираниот урбан развој и експлоатацијата на крајбрежјето.