Акцијата со 200.000 единки охридска пастрмка има за цел зачувување на екосистемот и промоција на туризмот
Во организација на Општина Поградец, втора година по ред се одржа „Фестивал на Коранот“. Целта е промоција на туризмот и заштита на природното наследство, објави албанската телевизија РТШ. Главниот дел од активноста беше порибувањето на езерото со 200.000 единки охридска пастрмка. Ова е значително зголемување во споредба со минатата година.
Нертил Јоле, прв човек на округот Корча, изјави дека оваа интервенција е важен чекор за зачувување и ширење на овој ендемски вид. Пастрмката живее исклучиво во Охридското Езеро.
Според него, активноста симболизира грижа за животната средина и посветеност на властите да го претворат биодиверзитетот во туристичка и развојна вредност.
Џаколи, градоначалник на Поградец, им се заблагодари на сите кои придонесоа за организацијата на активноста.
„Од година во година градиме нова традиција за градот. Следната година ќе организираме ‘Фестивал на крапот’. Целта е изградба на мрестилиште за овој загрозен вид“, рече Џаколи.
Тој посочи дека иницијативата има за цел да ја зајакне позицијата на Поградец како туристичка дестинација со уникатен идентитет. Езерото се претвора во одржлив извор на развој економски, културно и еколошки.
Во текот на оваа година, во водите на Охридското Езеро од албанска страна беа пуштени над 1,8 милиони единки Коран.