Таквата можност денеска ја навести претседателот на Организацискиот комитет Тони Естангуе на точно 1.000 денови пред свеченото отворање на Игрите.

– Имаме уште многу работа. Има уште многу нешта што треба да ги координираме, на пример, со меѓународните индустриски здруженија, вклучувајќи ја и деталната програма на Игрите, изјави Естангуе, кој е поранешен трикратен олимписки и петкратен свески првак во кану на диви води.

Се очекува точната локација на отворањето на Игрите да биде прецизирана до крајот на оваа година, а една од предложените опции е и брегот на реката Сена.