Германската џудистка, која ја освои европската титула во 2015 година, се обиде да го одбрани својот тренер образложувајќи оти самата побарала шлаканица со цел да се „релаксира“, но ИЈФ посочи оти не е задоволна од објаснувањето.
– Џудото е едукативен спорт и како таков не може да толерира такво однесување, соопшти ИЈФ.
Трајдос, која го загуби вчерашниот натпревар на Олимпијадата, подоцна на својот Инстаграм профил напиша „Веројатно не беше доволно силно“, алудирајќи на шлаканиците од нејзиниот тренер.