Проверки во Центарот за социјални работи
Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека, врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи (ЦСР), во врска со случајот со смртта на мајката и девојчето кои паднаа од шести спрат во Карпош, оформило предмет по допрен глас.
Предметот е проследен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.
ОЈО Скопје, како што информираат од ЈОРМ, ќе преземе дејствија на проверки за да утврди дали со констатираните неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
