Постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 3 во врска со став 1, како и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ согласно член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Скопје.

– На 10 ноември, во гаража на улицата „Бојмија“ во Скопје, заедно со уште две полнолетни лица за кои веќе се води постапка, осомниченото дете држело 149 таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диометамфетамин (МДМА), стимуланс на ценатралниот нервен систем. Во стан на улицата „Венјамин Манчуковски“, пак, кај осомничениот била пронајдена дигитална вага со остатоци од дрога и психотропна супстанција, но и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – околу 200 грама тринитротолуен, велат од скопското обвинителство.

Проценувајќи дека доколку му биде дозволено да се брани од слобода осомничениот би можел да се даде во бегство, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи притвор за детето во судир со законот.​​