„ Можам да ви потврдам дека веќе в сабота 30 наши колеги заминуваат за Словенија, а оттаму за Германија. Вкупната бројка на возачи кои ќе го напуштат ЈСП е околу 100 и сите треба да одат во германскиот град Мајнц бидејќи имаат потпишано договори“, вели синдикалецот Маријан Поповски за Плусинфо.

„Заминувања на возачи од ЈСП има во последните неколку месеци, а и ќе продолжат да си одат, бидејќи не се задоволни од условите за работа. Доколку е во ред и има доволно возачи, зошто тогаш претпријатието има распишано нов оглас за вработување?

И покрај тоа што веќе подолго време во ЈСП не цветаат рози, нешто за што Плусинфо редовно информираше, претпријатието преку вчерашниот демант , најверојатно сака да ја покрие лошата слика во која се наоѓа.

Нема точна бројка колку шофери се бараат, но моја претпоставка е дека раководството сака да ги вработи оние 60 возачи кои во моментов се кај нас, а се ангажирани преку агенција“, додава Поповски.