Со сериозни проблеми и недостиг на персонал се соочуваат болниците во Грција, со оглед на тоа што околу 2.500 здравствени работници се во карантин поради зараза со Ковид-19, според претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници Михалис Јанакос, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорејќи за грчката телевизија „Скај”, Јанакос рече дека од овие 2.500 лица, речиси половина, односно 1.200 здравствени работници се во областа Атика, поширокиот дел на Атина и се вон битката со пандемијата а 755 од нив се во неколкуте големи болници во Атина.
Паралелно, претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници побара да се променат упатствата на Националната организација за јавно здравје и задолжителниот карантин за заразените да се зголеми од пет на десет дена.
Алтернативната министерка за здравство на Грција Мина Гага на прес конференција во средата рече дека поради брзото ширење на Омикрон, зголемен е притисокот врз здравствениот систем и ќе започне мобилизација на приватни лекари за да помогнат во битката со Ковид-19.
Освен голем број здравствени работници, според грчките медиуми, во карантин се и голем број полицајци, околу 2.000 лица