Истражувањето спроведено во октомври 2019 година покажува дека во БиХ околу 3.300 луѓе годишно умираат предвреме како резултат на изложеност на загадување на воздухот со ПМ2.5.

Околу 16 отсто од овој товар на болеста паѓа на Сараево и Бања Лука.

Како што пренесува сараевскиот портал Кликс, граѓаните на БиХ, но и земјите од регионот, повеќе вдишуваат отровни честички од оние во другите земји, поради широката употреба на цврсти горива за греење и готвење, а на Балканот се уште постојат голем број постројки на јаглен и лигнит.

Оттаму се додава дека седум од десетте најзагадувачки термоелектрани во Европа се наоѓаат на овој простор.

Затоа, бројни експерти, но и странски организации, постојано предупредуваат дека борбата против аерозагадувањето е од клучно значење и бара итна акција.