Станува збор за автомобили произведени од околу 20 компании меѓу 2001 и 2019 година. Меѓу нив се и Хонда мотор, Форд, Тојота, Генерал моторс, Нисан, Субару, Тесла, Мазда и БМВ.

„Таката“ беше среде сличен скандал и во 2014 година. Според американските регулаторни тела, воздушните перничиња направени од јапонската компанија поради дефект и во случај на несреќа може да не се отворат правилно или да пукнат и да се распрснат врз луѓето. Како последица, досега најмалку 20 луѓе загинаа во светот, а стотици се повредени.

Најмалку 100 милиони возила од различни марки беа повлечени од пазарот поради неисправни воздушни перничиња. Во 2017 година „Таката“ објави стечајна постапка.