Дел од нив примаа ревакцина, но имаше и такви кои ја примаат првата доза. Во спортската сала во Врање тие имаа можност да изберат дали ќе се вакцинираат со Фајзер или пак, со Синофарм.

Според српските здравствени власти, досега во Србија се вакцинирани околу 15.000 македонски граѓани. Најголем број од оние кои се вакцинираа во април ја примија вакцината на „Астра зенека“.

Македонците правото на вакцинација можат да го остварат со пасош или со лична карта.