Во време каде што естетските процедури за нега и убавина се се повеќе застапени, одлучивме да поразговараме со личност која е лидер на тоа поле во регионот.

Олгица Стојимировиќ е личноста која меѓу првите во регионот почна да се занимава со оваа дејност и изгради центар кој е единствен во државата со опрема и услуги со кои располага.

Оваа година Олгица доби светско признание на престижните награди “Business Elite Awards” за жена претприемач, што е уште еден доказ за нејзините успеси.

Знаеме дека Промоиталиа е единствениот антиејџинг центар во државата, што е тоа што ве двои од другите?

Нашиот антиејџинг центар постои 7 години и единствен во регионот од таков тип. Неможам да направам споредба кои се придобивките затоа што немаме со кого да се споредиме. Постојат колеги кои ги работат дел од процедурите но не постои центар со толкав асортиман од процедури, апарати, стручен тим и слично. Така да најголемата предност е тоа што сме единствени и постојано се надоградуваме се со цел да ги задоволиме потребите на нашите клиенти. Промоиталиа е светски бренд кој прво работи со производи од највисок квалитет, најнова технологија на светско ниво и тим кој се поддржува и постојано се развива во нашата дејност.

Како дојде идејата да отворите антиејџинг центар во општество каде што естетските процедури пред 7 години беа табу тема?

Голем дел од општеството има незадоволства од својот изглед кој му влијае на самодовербата и менталното здравје. Во Македонија имаше интерес за естетски процедури но луѓето за жал довербата ја имаа повеќе надвор од нашите граници, можеби затоа што на овој пазар немаше понуда што ќе им гарантира квалитет.
Си земав голема обврска, да ја освојам довербата на општеството и да им го понудам тоа што го бараа надвор од нашата држава, овде во Скопје.
После 7 години сфаќам дека сум го направила вистинскиот чекор и сум горда што за оваа еволуција во естетските процедури имам голема заслуга.

Вие сте и единствениот центар кој секој месец нуди, големи месечни промоции на одредени процедури. Дали е тоа Вашата стратегија на успех?

Комерцијалниот бенефит не е примарна цел на овие промоции. Примарно ги создадов со цел да им дадам можност на сите да си ги дозволат нашите процедури, а воедно со ценовната предност да ни дадат шанса новите клиенти и да се уверат во квалитетот на услугите и опремата. Можете да забележите дека имаме вистински големи отстапувања во цената, кои дополнително ги охрабруваат клиентите да го закажат првиот термин.

Кои се грешките што најчесто клиентите ги прават при избор на процедури?

Како стручни лица ние сме должни да го изнесеме нашето професионално мислење и совет. Драстични промени секако не се препорачливи прво поради прифаќањето на себе си со голема промена. Умереноста е секогаш подобар избор отколку драстични физички разлики.
Друга грешка е споредбата со друга личност при постигнување на некаков резултат.


Сите ние сме различни во секоја смисла на зборот, и секоја промена не дава исти резултат кај секого. Се разбира облици и стил може да се насочат, но повторно ќе кажам во Промоиталиа работат експерти во областа кои се овде за консултации за секоја можна процедура.

Кои се MUST HAVE третмани во 2021?

MUST HAVE третманите за 2021 се секако природните благодети PRP и мезотерапиите, но и хијалуронските филери, ботокс и липолитици за топење на масните наслаги. Ова се процедури кои немаат сезонски карактер и се потреба кај голем дел од целото население. Ме радува тоа што овие третмани станаа еден вид ритуал кој е дел од постојаната нега на жените и мажите.

Колку ве посетуваат мажите?

Можеби ќе се изненадите нo од машкиот пол интересот за процедурите и третманте кои ги нудиме е се поголем. Поради тоа направивме и специјализирани понуди само за машкиот пол кои се практични и адекватни за нив.
Негата и убавината е подеднакво важна и за двата пола. Mажите во Македонија се повеќе се негуваат и грижат за својот изглед што тоа посебно ме радува. Ние имаме и свои бренд амбасадори кои користењето на нашите услуги го презентираат на широката јавност, па со тоа мажите се охрабруваат да го направат третманот кој им е потребен.

Што треба да поседувате да бидете дел од тимот на Промоиталиа?

Стручност во работата, амбиција за напредок и тимски способности.
Промоиталиа се состои од комлементарен тим кој се надополнува, се надградува и ужива во својата работа. Ние сме едно големо семејство кое пред се имаме голема љубов кон тоа што го работиме, тоа е еден од клучните фактори на нашиот успех.

Која е Олгица приватно?

Јас сум и приватно перфекциониста но и голем емотивец, кој ужива во комфорната зона-домот, во удобен џемпер и омилена книга. Неофицијална мајка сум на сите кои ги сакам, бидејќи се грижам за нив. Чувствителна сум и лојална, така да моите пријатели секогаш имаат рамо за плачење.

Дали Олгица ги користи процедурите и кои од антиејџинг центарот

Апсолутно! Ги користам сите процедури на Промоиталиа! Пред да воведеме некоја процедура во нашиот центар, лично ние сакаме прво да ги провериме ефектите од истaта.
Целиот тим на Промоиталиа редовно ги користи процедурите кои ги нудиме.

Тајната на успехот

Доколку несебично се оддадете на работата којаја работите и финансиските резултати ќе бидат позитивни. Факт е дека успехот не доаѓа преку ноќ, но кога ќе дојде, со многу труд, работа и задоволни клиенти, задоволството е уште поголемо. Мојот успех е бројот на задоволни клиенти кои не посетуваат редовно, што значи мојата мисија е исполнета.

Кој е вашиот совет

Негувајте се, грижете се за своето здравје и изглед.
Задоволството од себе ви носи самодоверба, убавина и позитивна енергија.
Затоа што Вие сте најважната личност во Вашиот живот.