Оливер Зафировски е назначен за медицински директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје. Докторот ја сподели веста на социјалните мрежи.
– Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, каде работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме во врвна медицинска институција. Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третман на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем, каде граѓаните ќе се лекуваат по светски стандарди, се наведува во објавата на Зафировски.
Тој го презема директорското место на оваа клиника од доктор Дејан Докиќ.