– Во моментов има хуманитарна вонредна состојба во Авганистан, изјави заменичката на високиот комесар на УНХЦР, Кели Клементс.

И „ова е очигледно навистина динамична ситуација“, рече таа, објаснувајќи дека УНХЦР планира акции за различни сценарија, вклучително и масовно иселување.

– Се подготвуваме за околу 500.000 нови бегалци во регионот. Тоа е најлошото сценарио, рече таа.

Клементс особено ја нагласи потребата да се засили поддршката за соседните земји, кои веќе прифаќаат повеќе од 2,2 милиони авганистански бегалци и кои наскоро може да бидат сведоци на нов прилив.