Сите натпреварувања ќе се одвиваат он-лајн и со мотото #HelpTheOthers, со цел, како што информираат организаторите, помагање на сите оние кои им е најпотребен персонален компјутер, дали за он-лајн предавања и учење или пак работа. Настанот ќе биде изведен заедно со Донирај Компјутер и Борче Стаменов.

Како и на досегашните настани на МЕСА, борбата помеѓу играчите ќе биде пренесена во живо на интернет платформата за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports

Во недела, во рамки на он-лајн гејминг неделата ќе се одржи натпреварување – Counter-Strike:Global Offensive 2 против 2.