Рускиот претседател Владимир Путин „начелно“ се согласи да ги вклучи ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст во евакуацијата на цивилите од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, последното упориште на украинските бранители во разурнатиот град, соопштија ОН по средбата на генералниот секретар на Светската организација Антониот Гутереш со Путин во Москва.

Во Москва, Гутереш „го повтори ставот на ОН“ за инвазијата на Украина, а на средбата се разговараше за предлозите за хуманитарна помош и евакуација на цивили од воените зони, се вели во соопштението на ОН.

Понатамошни разговори за евакуација ќе се одржат меѓу Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања и руското Министерство за одбрана, се вели во соопштението.