Советот на ОН за човекови права денеска ќе одлучи дали ќе почне истрага за наводните злоупотреби извршени од руските војници во регионот на Киев, за кои Украина вели дека претставуваат воени злосторства.

Резолуцијата поднесена од Украина и поддржана од повеќе од 50 други земји бара формирање истражна комисија што ќе истражува што се случило во областите околу Киев кои беа привремено окупирани од руските сили.

Се очекува да се подготви извештај до почетокот на следната година.