Обединетите Нации изразија загриженост поради одлуката на Русија да се повлече од историскиот договор за контрола на нуклеарното оружје.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека ќе го прекине учеството на Русија во договорот Нов СТАРТ.
– Светот без контрола на нуклеарното оружје е многу поопасен, понестабилен, со потенцијално катастрофални последици, истакна портпаролот на ОН Стефан Дижарик.
– Треба да се направат сите напори за да се избегне овој исход, вклучително и итно враќање на дијалогот, додаде тој.
Британската Влада претходно го повика Путин „да се откаже од својата избрзана одлука“, додека САД рекоа дека тоа е „длабоко погрешно и неодговорно“.