Во денеска објавениот извештај на Обединети нации се наведува дека во последните шест во Авганистан јавно камшикувани се 274 мажи, 58 жени и две момчиња.
Поголемиот број се со 30 до 39 удари со камшик за вонбрачни врски, бегство од дома, кражби, хомосексуалност, консумирање алкохол, измама и шверц на дрога.
Во декември беше извршена и јавна егзекуција во присуство на високи функционери. Осуденик беше погубен за убиство на друг маж со ладно оружје во 2017 година.
– Телесната казна е кршење на Конвенцијата против тортура и тоа мора да престане. ОН силно се противат на смртната казна и ги повикуваат властите итно да воведат мораториум на егзекуциите, изјави директорката на канцеларијата на ОН за човекови права во Кабул, Фиона Фрејзер.
Талибанското Министерство за надворешни работи соопшти дека осудените се казнети врз основа на исламскиот кривичен законик и дека казните се неопходни за да се гарантира целосна безбедност на луѓето. Во соопштението се додава и дека секој политички систем има свои стандарди и пристапи.
Исламскиот емират ги спроведува сите свои активности во светлината на светата вера во исламот и е целосно посветен на тоа, се посочува во соопштението.