Речиси 60 отсто од убиените, околу 227.000, се жртви на индиректните последици од конфликтот, како што се недостиг на вода за пиење, глад и болести, се вели во документот на Програмата за развој на ОН (УНДП).
Тоа значи дека според овие проценки, до крајот на годината ќе има 150.000 загинати во директни конфликти.
Војната од 2015 година се води меѓу бунтовниците Хуси поддржани од Иран и јеменските владини сили поддржани од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија.
Седумте години војна имаа „катастрофални последици врз развојот на земјата“, соопшти УНДП, додавајќи дека Јемен има ограничен или непостоечки пристап до здравствена заштита и оти економијата е на работ на колапс.
Повеќето од индиректните жртви на војната се деца кои се особено ранливи на неисхранетост и недохранетост, соопшти организацијата на ОН.
– Во 2021 година на секои девет минути умира по едно јеменско дете на возраст под пет години поради конфликтот, се вели во извештајот.
Организацијата веќе потсети дека нивото на развој на Јемен се врати за две децении поради војната.
Според УНДП, 1,3 милиони луѓе би можеле да умрат доколку не се постигне мировен договор до 2030 година.
– Јемен е најлошата и најголема хуманитарна катастрофа во светот и таа катастрофа постојано се влошува, потсетува ОН.