Обединетите нации за денеска организираат уште една евакуација од Мариупол , изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
-Мораме да продолжиме да правиме се што можеме за да ги извлечеме луѓето од овие пеколни пејзажи, рече тој.
Се верува дека стотици се кријат во бункери.Челичарницата во Мариупол е последниот дел од јужниот град кој сè уште е во рацете на украинските војници. Вчера рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили се подготвени да понудат безбеден премин на цивилите тој, исто така, кажа дека Украина треба да им нареди на своите борци да го спуштат оружјето и да се предадат.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање предупреди дека руските сили не престанале да ја гранатираат фабриката за челик Азовстал иако таму се останати многу жени и деца “.
Зеленски информираше дека два конвои евакуираа речиси 500 луѓе од централата Азовстал, Мариупол и неговите околни области.
Во своето обраќање, Зеленски, исто така, рече дека има недостаток на пристап до медицински услуги и лекови во областите на земјата под руска окупација и дека руските војници уништиле или оштетиле речиси 400 здравствени установи во Украина.
Повеќе американски медиуми јавуваат дека САД и помогнале на украинската војска да таргетира и убие неколку руски генерали. Извештаите, исто така, велат дека американското разузнавање и помогнало на Украина да го потопи рускиот воен брод „Москва“.
Пентагон негираше дека дал разузнавачки информации.