Наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар ќе продолжи да се изведува онлајн до 20 септември, наместо до 14, како што беше планирано со претходната одлука, одлучи Владата на Република Македонија на вчерашната седница.
Поради влошената ситуација со пандемијата во овие градови, владата претходно донесе одлука наставата да се организира онлајн во траење од 14 дена, додека онлајн настава имаше и во Кичево и Струга, во траење од 7 дена.