Онлајн трговец кој предвидува движења на пазарот се обложил еден ден пред американската воена операција дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро ќе биде соборен од власт, заработувајќи неколку стотици илјади долари, објавија денес американските медиуми.
Како што објави Волстрит џурнал, непознат инвеститор инвестирал повеќе од 30.000 долари на обложувалницата Полимаркет со предвидување дека Мадуро ќе биде соборен од власт до 31 јануари 2026 година.
На овој начин, тој остварил профит од над 430.000 долари.
Корисникот отворил сметка на Полимаркет на 27 декември и се обложил само на две работи: инвазија на САД врз Венецуела и соборување на претседателот Мадуро.
Во тоа време, обложувалницата ја проценила веројатноста за интервенција против Венецуела на само шест проценти.
