Опасно возење и дивеење по улиците во Скопје доведе до брза интервенција на МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека веднаш презело мерки по видеото што покажува опасно возење и дивеење по улиците во Скопје. Лицата се пронајдени и се води постапка против нив согласно Законот за безбедност на сообраќајот и Законот за возила.

Возачот С.З. (20) од Скопје е поднесен по член 167 став 2 за превезување лице на надворешни делови од возилото, член 225 став 9 за возење без возачка дозвола и член 26 став 10 од Законот за возила за управување возило без регистарски таблици. Лицето што стои на хауба, Р.Ѓ. (19) од Скопје, е поднесен по член 317 став 14 за давање управување на лице без возачка дозвола и член 165 став 2 за постапки што ја загрозуваат неговата безбедност.

СВР Скопје продолжува со дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.