Драма во кокпитот – Пилотот каснат од тарантула во текот на летот

Пилотот на авиокомпанијата „Иберија“, кој имал тешка алергија на пајаци, бил каснат од тарантула среде лет од Дизелдорф до Мадрид. Инцидентот се случил на 21 февруари, кога авионот „Ербас А320“ бил во воздух, пренесува „Канариан викли“.

 Брза медицинска реакција спасила ситуација

По убодот, пилотот веднаш добил третман со „урбасон“, кортикостероид со антиинфламаторни и имуносупресивни својства, кој бил дел од комплетот за прва помош на екипажот. Благодарение на брзата реакција, тој успеал да го задржи контролата врз леталото и безбедно да слета во Мадрид, без да го загрози авионот или патниците.

Дезинсекција на авионот и доцнење на следниот лет

По слетувањето, авионот бил задржан на аеродромот, додека стручни тимови вршеле темелна дезинсекција за да ја отстранат „заканата со осум нозе“. Поради ова, следниот лет кон Виго, Шпанија, доцнел три часа.

Истражителите веруваат дека пајакот можеби влегол во авионот преку багажот на патниците од претходниот лет помеѓу Мадрид и Казабланка.

Авиокомпанијата „Иберија“ потврди дека пилотот не претрпел никакви сериозни последици од убодот и е во стабилна состојба.

Избор: NY post