Еко активисти кои се плашат од реваншизмот и последиците кои може да ги имаат, тврдат дека министерката за Одбрана, Славјанка Петровска може да изнуди провокација од УНЕСКО и губење на статусот на Охрид како заштитено подрачје, пренесува Expres.mk
Министерката за одбрана Славјанка Петровска го провоцира УНЕСКО и го става во опасност статусот на Охрид како заштитено подрачје, тврдат еколошки активисти кои се плашат јавно да говорат за проблемот поради страв од реваншизам.
Според нивните тврдења Министерството за одбрана под раководство на министерката Петровска ќе гради во најзаштитениот дел од Охридското езеро.
Министерството за одбрана на крајот на минатата година договорило градежни активности во реонот на Студенчишта река, денес позната како Каналот Студенчишта.
За овој зафат на министерството за одбрана кое го раководи во јавноста речиси да нема информации.
Според информациите на expres.mk министерството за одбрана планира сложени градежни активности во реонот познат како Студенчишко Блато конкретно на левата страна на каналот Студенчишта.
Овој реон е заштитено природно и културно подрачје од прва категорија и секој градежен зафат во него значи можност УНЕСКО да го одземе статусот на Охрид кој сега е под специјална заштита.
Според планот на министерството за одбрана таму треба да се вршат градежни работи од голем обем кои значително ќе влијаат на природните состојби.
Извори во министерството за одбрана тврдат дека се работи за проект вреден најмалку половина милион евра за кој во детали е запозната и министерката Петровска која дала дозвола за градбата во заштитениот појас на Охридското езеро.
Во овој дел од имотот на Министерството за одбрана сега се издаваат плацеви за паркирање на чамци и бродчиња што дополнително ја загрозува животната средина во заштитениот дел од Охридското езеро.
Охридските еколошки здруженија засега молчат за скандалот.
- Маж се тепал со две лица, па бил агресивен кон полицајци – лишен е од слобода
На 29.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен… - ЕК одобри 1,5 милијарди евра за европската и украинската одбрана
Европската комисија денеска соопшти дека одобрила работна програма во вредност од 1,5 милијарди евра во рамки на Програмата за европска… - Димитриевски: Секогаш играм за победа и за Македонија
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе се соочи со Република Ирска во Даблин, со почеток во 20:45 часот. Натпреварот доаѓа… - Утре без струја делови од Бутел, Ѓорче, Карпош и Чучер Сандево
Дел од Бутел и Ѓорче Петров без струја Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, на 31 март 2026 година, одредени… - МИНЕРАЛНАТА ВОДА И ЗДРАВЈЕТО: Како влијае врз варењето и забите
Влијание на минералната вода врз организмот Минералната вода се смета за здрава алтернатива на многу пијалоци, но нејзиното влијание врз…
