Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот се утврдени следните чекори со кои преку иницијативата „Отворен Балкан“ веќе од наредната година ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на трудот и поврзување без граници.

– На состанокот беа разгледани првите нацрт решенија за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан, како и за слободен пристап до пазарот на трудот со креирање на „Опен Балкан ИД“ („Open Balkan ID“), со што на граѓаните од целиот регион им се отвораат бројни поволности, се наведува во соопштението.

Од владата информираат дека во работните групи на состанокот на експертско ниво учествувале претставници на министерствата за економија, за надворешни работи, за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација, како и претставници на Институтот за акредитација, на Царинска управа, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Инспекторатот за земјоделство, на Фитосанитарната управа и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

– Од страна на реалниот сектор на состанокот учествуваа и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, кои уште од почетокот се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и кои на поврзувањето во заеднички и отворен пазар на регионот му дадоа целосна поддршка.