OpenAI ја додаде новата функција за групни разговори во ChatGPT, која им овозможува на корисниците да вклучат до 20 лица во истиот разговор со нивниот AI асистент.

Оваа опција е достапна глобално за сите регистрирани корисници, без разлика дали имаат претплата или користат бесплатна верзија на апликацијата.

Според OpenAI, групните разговори се наменети како алатка за соработка помеѓу повеќе луѓе, со активно учество на ChatGPT. Креирањето група се врши преку иконата за луѓе во горниот десен агол на апликацијата, при што ChatGPT автоматски го копира тековниот разговор во новата група и им овозможува на корисниците да испратат линк за приклучување на другите членови.

При првото креирање или приклучување на групен разговор, секој корисник мора да внесе име, корисничко име и фотографија, за полесно следење на учесниците. OpenAI објави и видео на X каде што демонстрира како изгледа процесот во пракса.