-Вчера во 10:10 часот во СВР Куманово, Ф.Р. од село Отља, општина Липково, пријавил дека настанал пожар во неговото патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, информира полицијата.
Територијална противпожарна единица го изгасила пожарот во кој нема повредени лица. Екипа на СВР Куманово извршила увид на место на настанот.