Жестока расправа но и различно толкување на деловникот околу тоа кога е вистинското време да се стават на гласање уставните измени вака почна првата пленарна седница по одморите на народните избраници откако опозициската ВМРО ДПМНЕ протоколарно повикувајќи се на членот 67 став 2 од деловникот но и глава 10 побараа од собранискиот спикер Џафери продолжение на седницата од 18 ти август и да се види дека власта нема 80 пратеници за уставни измени . Пратеничката Дафина Стојановска со порака до парламентарното мнозинство дека ниту сега ниту во наредниот период ќе стигнат до потребното дво третинско мнозинство гласови .

Собранискиот спикер Џафери пак вели не спорно е правото 20 пратеници од опозицијата со своите потписи да побараат свикување за продолжување и гласање на седница но вели тоа не го обврзува дека мора да го направи и дека како претседател на собранието можел тоа да го направи кога ќе се создаделе услови. Со свое толкување на деловникот за уставните измени се јави и лидерот на Левица Димитар Апасиев кој на кој пак Џафери исто така му порача дека законодавно правната комисија е таа која дава афтентично толкување а не поединци .

Пленарната седница за уставните измени беше свикана на 18 ти август кога народните избраници го прекинаа годишниот одмор и ја завршија расправата за оваа точка која беше единствена на дневен ред но веднаш потоа собранискиот спикер Џафери ја прекина седницата а гласањето за истата го остави во мирување . За сега нема никакви поместувања на позициите иако власта тврди дека се уште преговара поединечно со одредени пратеници а опозицијата тврди дека нема да стигнат до посакуваната бројка и дека единствено решение за овој ќор сокак гледаат во предвремени парламентарни избори .