Вонредни избори во декември – Со силни свирежи, неподнослива врева постојано на раб на инцидент, побараа дел од опозициските партии во Србија, блокирајќи го одржувањето на вонредната седница во Парламентот, на која на дневен ред беа повеќе точки вклучително и гласање за рабаланс на буџетот. Хаосот настана веднаш по пратеничките прашања, а бројно собраниско обезбедување како жив штит стоеше меѓу премирката Брнабиќ и министрите од една и незадоволните пратеници од друга стана.
-Никогаш нема да се откажеме! Ајде вие погласно, а ние посилно ќе се бориме. Зашто ако вие победите, нема да има плати, пензии, патишта. Никогаш, никогаш нема да дозволиме. , изјави Ана Брнабиќ, премиерка на Србија
10-ина опозициски партии и движења, меѓу кои и Демократската партија, Двери, Народната партија претходно најавија целосна блокада на седницата и одржување на вонредни парламентарни и локални избори во Белград во декември.
-Оваа седница ќе ја блокираме додека не добиеме одговор, а потоа ќе продолжиме со протести кога ќе бараме и датум и распишување на избори. , изјави Радомир Лазовиќ, пратеник на „Зелено – лев клуб“.
-Избори мора да има до крајот на годината. Го повикуваме Александар Вучиќ, кој безброј пати во јавноста не прозиваше дека се плашиме од избори, распиши парламентарни и белградски до крајот на годинава. , изјави Мирослав Алексиќ, лидер на Народно движење на Србија
Седницата беше прекината и продолжението закажано за утре. Собранискиот спикер од редовите на српската Напредна партија им порача дека одговор на барањето ќе добијат за најмногу 30 дена.
Ако тие бараат избори, еве кажувам денеска дека со воодушевување ја прифаќаме таа нивна идеја и иницијатива. Ќе се потрудиме на таа иницијатива да добијат одговор во најкус можен рок. , изјави Владимир Орлиќ, претседател на српското собрание
Неодамна Вучиќ соопшти дека изборите во Србија ќе се одржат наскоро, како што рече во период од три до најмногу седум месеци. Опозицијата која од мај ги организира протестите насловени „Србија против насилството“ за в петок го најави 19-иот во низа марш во Белград.