Таа истакна дека не очекувала интервјуто да има такво влијание и откри дека многу се подготвувала за истото.

– За мене беше многу важно да му го покажам сето тоа на светот за да можат сите да го видат, но работите да не протекуваат и да не бидат погрешно протолкувани пред вистинското интервју, изјави Опра за списанието „Пипл“

Разговорот траеше повеќе од три часа, а Опра строго забранила на снимателската екипа да ги открие деталите од интервјуто пред преносот.

– Значи, емитувавме делови на CBS и го сторивме тоа на начин што ништо не може да се користи и погрешно да се протолкува. Вложен е многу труд и енергија во тој дел, додаде таа.

Водителката тврди дека таа, како и војводата и војвотката од Сасекс имале за цел да ја споделат вистината со јавноста.

– Тие сакаа можност да ја раскажат својата приказна и да бидат што поискрени, вели Опра.

Таа не крие дека некои одговори ја изненадиле.

– Тоа беше моќно интервју, бидејќи тие беа отворени, ранливи и искрени. Интервјуто се покажа толку добро затоа што тие реагираа на сè на тој начин. Најмногу ме изненадија изјавите за расизам и кога парот рече дека нивниот син Арчи не добил титула. Тој нема да добие осигурување што ќе го заштити, туку дека се грижеле колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди, се присетува Опра.