Општина Аеродром ја почна отворената и транспарентна постапка за изработка на „ЛЕАП 3“, новиот Локален еколошки акционен план кој претставува стратешки насочен кон имплементација на идеи за заштита на животната средина.
Во салата на Советот на општината се одржа првата информативна средба, на која присуствуваше градоначалникот Тимчо Муцунски, претставници на институции, приватни компании, како и невладини организации кои работат со прашања поврзани со екологијата и животната средина.
Состанокот го отвори градоначалникот Муцунски, кој им се заблагодари на присутните што земаат активно учество во носење на овој важен стратешки документ за иднината на општината, истакнувајќи дека имплементацијата на мерки и проекти кои се однесуваат на здравата и чиста животна средина останува приоритет за оваа општинска администрација.
На настанот кој беше од отворен карактер, беа преставени целите и активностите за изработка на Локалниот еколошки акционен план и методологијата за негова изработка. По неговото завршување, со овој стратешки документ ќе продолжат нашите досегашни напори за воспоставување добра соработка со невладините организации кои работат во делот на животната средина, тој ќе биде одлична основа за едукација на младите и стратешки документ кој ќе биде поттикне идната соработка со бизнис секторот и со тоа ќе го придонесе за забрзан локален економски развој.