-Како прва фаза од предметните работи е изработката на проектната документација, во која е предвидено и пескарење на челичната конструкција. Подготвителните активности се веќе отпочнати, а со пескарење ќе се започне во понеделник.
После изработката на техничката документација, ќе следува обезбедување на одобрение за реконструкција од Министерството за транспорт и врски, со цел отпочнување на градежните активности, додадоа тие.
Општина Битола: Работни активности на мостот кај безистенот
О
Од денес, изведувачот на изработката на техничката документација и реконструкцијата на Мостот кај Безистенот е воведен во работа, објавија на Фејсбук од општина Битола.
