Советниците одлуката ја донесоа по предлог на градоначалникот Хекуран Дука, откако таа помина на соодветната комисија.
Според едногласно донесената одлука на двете семејства ќе им бидат доделени по 300 илјади денари.
– Нека почиваат во мир нашите сограѓани. Нивните роднини, пријатели, колеги нека живеат и нека се сеќаваат на нив. Вечен им спомен, рече претседателот на Советот, Фуат Спахиу.
Во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“, во близина на градот Перник во Бугарија, меѓу 45 македонски граѓани животите ги загубија Саде Мустафовски (50) и неговата сопруга Зилија Мустафовска (48) од Дебар и сопружниците Енис Рамановски (41) и Алмира Рамановска (37) од село Долно Косоврасти.
Рамановски беше заменик командир на Полициската станица при ОВР Дебар, каде работел од 2000 година, а Мустафоски полициски службеник, на граничниот премин „Блато“, на македонско-албанската граница кај Дебар, кој во полициските редови бил од 1994 година.